Skip to main content

Често поставувани прашања

Често Поставувани Прашања (ЧПП)

Кои се главните чекори во процесот на изработка на персонализиран проект?

– Барање за нарачка, понуда со цена и време за изработка, потврда на нарачката со плаќање, почнување со изработка.

Што претставува нарачка на персонализиран проект?

Персонализиран проект подразбира изработка на модел каде што вашите спецификации и желби се користат за да се создаде уникатен производ, без разлика дали се работи за фигури, диорами, терени или макети. Вие го избирате дизајнот и сите спецификации околу него а ние го изработуваме производот според вашите барања.

Што ако немам 3Д модел а имам замисла за одреден предмет?

Нашиот тим работи со дизајнирање и изработка на 3Д модели, така што ќе треба да ни ја пратите Вашата идеја и визија а ние ќе Ви креираме модел кој ќе може да се испринта.

Како можам да нарачам персонализиран 3D принт?

Можете да ја пополните нашата онлајн форма за нарачка каде што ќе ги наведете сите потребни детали за вашиот проект. Откако ќе ја добиеме вашата нарачка, ќе ве контактираме преку емаил за дополнителни прашања и потврда.

Какви материјали користите за 3D принт?

За изработка на 3Д принтани фигури користиме пластика.

Колку време е потребно за изработка на нарачката?

Времетраењето на изработката зависи од комплексноста и големината на проектот. Обично, тоа трае помеѓу 1 до 4 недели. (зависно дали се работи за 3д принт или диорама). Ќе ве информираме за точниот временски период по примањето на нарачката.

Колку време е потребно за изработка на нарачката?

Времетраењето на изработката зависи од комплексноста и големината на проектот. Обично, тоа трае помеѓу 1 до 4 недели. (зависно дали се работи за 3д принт или диорама). Ќе ве информираме за точниот временски период по примањето на нарачката.

Како се определува цената на персонализираните 3D принтови?

Цената зависи од димензиите, материјалите, деталноста и дополнителните барања на проектот. Откако ќе ја примиме Вашата нарачка со сите спецификации, ќе Ви испратиме понуда со цена за изработка.

Дали можам да ви испратам референтни слики или скици?

Да, секогаш е корисно кога ни испраќате референтни слики или скици за вашиот проект бидејки тоа ќе ни помогне да ја разбереме Вашата визија и да го изработиме производот според вашите очекувања.

Како можам да го платам мојот проект?

Плаќањето се извршува онлајн со платежна картичка или преку фактура. Плаќањето се врши по потврдувањето на нарачката и пред започнување на изработката.

Дали можам да направам промени во нарачката по потврдувањето?

Можете да направите промени во вашата нарачка пред започнување на изработката. Откако ќе започне процесот, сите измени можат да влијаат на времетраењето и цената на проектот во зависност од тоа за колкави промени станува збор.

Што ако не сум задоволен со финалниот производ?

Вашето задоволство е наш приоритет. Доколку не сте задоволни со финалниот производ, слободно исконтактирајте не и ќе соработуваме заедно за да ги решиме сите проблеми.

Дали нудите попусти за поголеми нарачки или за редовни клиенти?

Да, нудиме попусти за поголеми нарачки и за нашите редовни клиенти. Контактирајте не за да добиете повеќе информации и специјални понуди.

Што е потребно за да се започне изработката на диорамата?

За да започнеме со изработката, потребно е да ја пополните нашата форма за нарачка или да не исконтактирате на социјалните мрежи каде што ќе ни ги кажете сите потребни спецификации и детали за проектот. По тоа, ќе ве контактираме преку емаил за да Ви дадеме понуда за цена и откако ќе се потврди целиот проект со временски рок на траење, започнуваме со изработка.

Како да изберам димензии за диорамата?

Можете да изберете димензии според вашите потреби и визија. Ние можеме да Ви помогнеме со препораки базирани на искуство за да го добиете најквалитетниот производ.

Дали може да направите реплика на конкретен објект или сцена?

Зависно од секој модел посебно – Во одредени случаи ќе можеме да изработиме целосно иста реплика доколку ни се достапни сите ресурси, додека во друг случај ќе можеме да изработиме приближен модел на конкретни објекти или сцени поради тоа што што на референтните слики може да се користени фигури, материјали и модели кои не ни се достапни. Нашата цел е да создадеме што е можно поточна и визуелно привлечна репрезентација според вашите желби и специфични барања.

Дали ќе добијам преглед на диорамата пред да ја добијам?

Да, пред да Ви ја испратиме диорамата, ќе Ви пуштиме слики на емаил на кои ќе може да го видите дизајнот. Ова осигурува дека финалниот производ ќе ги задоволи вашите очекувања.

Што ако имам специјални барања или идеи?

Секогаш сме отворени за вашите креативни идеи и специјални барања. Ве молиме наведете ги во формата за нарачка или контактирајте не директно на нашите социјални мрежи за да ги разгледаме Вашите идеи.

Што ако сакам да го откажам мојот проект?

Доколку сакате да го откажете Вашиот проект, Ве молиме контактирајте не што е можно поскоро. Политиката за откажување и повраток ќе зависи од степенот на изработката и специфичните услови на вашата нарачка.

Каква е резолуцијата на вашите 3D принтови?

Нашите 3D принтери нудат висока резолуција која овозможува изработка на детали со прецизност и јасност. Конкретната резолуција може да варира во зависност од избраниот материјал и сложеноста на дизајнот.

Дали можам да ви испратам мој сопствен 3D модел за принтање?

Да, можете да ни испратите Ваш сопствен 3D модел во формат .STL, .OBJ или други поддржани формати. Ќе го прегледаме Вашиот модел и ќе Ве информираме за можните корекции или прилагодувања, ако е потребно.

Дали нудите услуги за 3D скенирање на постоечки објекти?

Во моментов не нудиме услуга која вклучува скенирање на 3Д објекти меѓутоа изработуваме 3Д модели со Ваш опис, спецификации и димензии кои можеме да Ви ги испратиме како 3Д фајлови во obj/stl формат или да ги испринтаме – зависно од тоа што Ви е потребно.

Дали ги боите 3D фигурите по принтањето?

Да, нудиме услуги за рачно боење на 3D фигури по принтањето. Можеме ние да ги обоиме без одредени конкретни инструкции или Вие да ни дадете специфични барања, опис, или референтни слики за тоа како би сакале да изгледа бојата на моделот.

Дали можам да нарачам повеќе копии од ист модел?

Да, можете да нарачате повеќе копии од истиот модел а ние ќе ви обезбедиме попуст за истите.

Како се врши финализирањето и обработката на принтаните фигури?

По принтањето, фигурите поминуваат низ процес на финализирање кој вклучува отстранување на поддршките, шмирглање и, ако е потребно, примарна боја или заштитен слој.

Дали нудите специјални услуги за персонализирање на 3D фигури, како додавање иницијали или кратка посвета?

Да, на поголем број од фигурите можеме да додадеме иницијали, посвети или други персонализирани елементи. Ве молиме наведете ги Вашите барања во формата за нарачка.

Како можам да се грижам за моите 3D принтани фигури?

Вашите 3D принтани фигури треба да се чуваат на суво и чисто место. Избегнувајте директна изложеност на сонце и високи температури за да се одржат во најдобра состојба.